Актертот кој во 2001 година освои оскар за најдобра машка улога во филмот „Гладијатор“, наскоро ќе добие своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. тоа ќе биде вкупно 2404-та ѕвезда која е поставена на Холивуд Булеварот и улицата Вина.
Расел Кроу својата ѕвезда ќе може да ја види уште оваа пролет пред театарот Кодак, каде традиционално се одржува доделувањето на наградите Оскар. По освојувањето на оскарот актерот одигра уште многу забележителни улоги, најчесто во акциони филмови.