Актерот Расел Кроу можеби наскоро ќе застане зад камерата, како режисер на филмот “The Water Diviner”, пренеле електронските медиуми. Исто така тој размислувал за улога во филм чие дејство е сместено во далечната 1919 година.
Тој би требало да го игра таткото австралијанец кој патува во Турција како би ги пронашол своите синови кои исчезнале во битката кај Галиполи. Моментално игра во новиот филм за Супермен, „Човек од челик“.