Австралискиот актер Расел Кроу преговара за една од водечките улоги во новиот филм на студиото Ворнер Брос со име „Зимска Приказна“. Според холивдските медиуми, Расел Кроу би требало да толкува лик на негативец во адаптацијата на истоимениот роман на Марк Хелприн од 1983 година, чија приказна е сместена во имагинарен Њујорк, а главни ликови се девојка која умира, крадец и бел летечки коњ.


Филмот, кој ќе почне да се снима наредната пролет, ќе биде режисерски првенец на сценаристот и продуцент Акиве Голдсман, добитник на Оскар за сценариото на филмот „Брилијантен ум“, во кој Расел Кроу исто така ја играл главната улога.