Австралискиот актер Расел Кроу моментално работи на нов филм во кој го игра ликот на Робин Худ. Дека навистина се соживеал со новата улога ни кажува и фактот што неодамна и подарил околу 10 илјади евра на техничарката на сетот за снимање.
Таа задоцнила на работа бидејќи и се запалил автомобилот, а Расел започнал да се шегува со неа. Му рекла дека не може да си дозволи нов автомобил, а актерот подоцна и дал пари во раката за да го реши тој проблем.