Британскиот комичар и актер Расел Бренд во шоуто на Елен Деџенерис признал дека сеуште ја сака својата поранешна сопруга Кети Пери и дека и покрај нивното разделување не жалел за бракот кој траел 14 месеци. Бренд отворено разговарал за завршувањето на нивниот брак нагласувајќи дека постои еден дел од него кој секогаш ќе ја сака Кети.
Тој рекол дека тоа што не им одело не значи дека жали за нешто, додавајќи дека сеуште ја сакал Кети како личност. Истакнал дека бил многу среќен што бил оженет со неа. Тој поднел барање за развод на бракот во декември, а како причина ги навел ненадминливите разлики помеѓу нив. тој и пејачката официјално ќе бидат разведени на 30 јуни.