Комичарот Расел Бренд се иселил од вилата во Холивуд, вредна околу 6,5 милиони долари, во која до неодамна живеел со својата сопруга, пејачката Кети Пери. Бренд ги собрал своите работи и се иселил додека Кети не била дома, а наводно имал намера да и ја остави вилата.
Пејачката веќе ги предала и ги потпишала сите документи потребни за развод. Според странските медиуми, парот, после една година брак, се разделил и божиќните празници ги минале одвоено. Набрзо после тоа соопштиле дека се разведуваат.