Популарниот комичар Расел Бренд се враќа на радио емисија која ќе ја работи заедно со Ноел Галагер. Расел се до 2008 година имал исклучително слушана радио програма на радиото Би Би Си, но бил отпуштен откако грубо се пошегувал со актерот Ендрју Саша, на чија телефонска секретарка оставил навредливи пораки.

Меѓутоа тој не кренал раце од радиото и на помош го повикал рокерот Ноел Галагер со кој една седмица ќе работи на емисија на една локална радио станица и тоа како најава за хуманитарен концерт посветен на борбата против ракот.