Гласините за брачната криза на пејачката Кети Пери и нејзиниот сопруг Расел Бренд се повеќе кружат во американските медиуми. Сега дополнително ги подгреала една фотографија на која актерот бил виден без бурма на раката. Тие одлучиле да минат одреден временски период одвоено, како би сватиле што сакаат од својот однос. Така пејачката отишла на Хаваите, додека нејзината посилна половина го избрала Лондон.

Меѓутоа, изгледа дека на младиот британец се му е јасно што се однесува до бракот. Чим неговата сопруга отишла од земјата, тој веднаш ја извадил бурмата. Тие се венчале минатиот октомври, а како причина за големите несогласувања помеѓу нив се наведуваат различните планови за проширување на семејството. Додека пејачката сакала деца, актерот сметал дека сеуште не е спремен за тој чекор.