Бритаснкиот актер ги предал документите за развод од американската пејачка Кети Пери, со која во брак бил 14 месеци. Бренд во соопштението навел дека за жал тој и Кети завршуваат со бракот. Додал дека секогаш ќе ја обожава и дека ќе останат пријатели.
Во документите кои Бренд ги предал во Лос Анџелес како причина за разводот бие наведени непремостивите разлики кои ги имале. Парот се венчал на 23 октомври минатата година во Индија и немаат деца.