Иако по разводот не останале во добри односи, Расел Бренд одлучил да и испрати на Кети Пери роденденски подарок. На нејзината адреса пристигнала рачно изработена нараквица за медитација. Минатата седмица тие двајца се нашле на ист кошаркарски натпревар. Седеле на различни страни на теренот и се обидувале да се избегнат, со оглед на тоа што нивниот последен контакт завршил со кавга.

Сепак, британскиот комичар одлучил да го исправи односот со поранешната сопруга, па и испратил роденденски подарок. Извор близок на актерот рекол дека со тоа сакал да и порача дека мисли на неа, иако повеќе не се заедно.