Комичарот и актер Расел Бренд открил дека повторно би се оженил, но и дека се повеќе време минува дома со својата мачка. Рекол дека не е секогаш со убави жени и дека не можел баш секогаш да биде гламурозен.
Во друштво на својата мачка, актерот најчесто седел по гаќи, јадел житарици или спиел, па навел дека повторно би се оженил. Комичарот кој се развел од својата прва сорпуга Кети Пери после само 14 месеци рекол дека го пробал бракот и му се допаднал. Додал дека преголем дел од животот вложил во потрага по секс и веројатно повредил многу луѓе, но сега навистина сакал да се ожени.