Комичарот Расел Бренд се повеќе време минува со Чарли Шин, а извор близок на британецот тврди дека Расел сака да му помогне да најде внатрешен мир. Сепак изворот додал дека се плаши дека Расел би можел повторно да се предаде на дрогата и алкохолот поради ова пријателство. Обајцата биле ангажирани од тв мрежата FX и заедно имале доста промоции. Расел го наговарал Шин да му се придружи на часовите по јога.
Сепак, иако Расел сакал да го смири проблематичниот актер, неговите пријатели се плашат дека Чарли би можел да го вовлече во проблеми. Расел имал силен карактер, но со оглед на тагата поради разводот од Кети Пери и забавите со згодните девојки кои Чарли редовно ги организира, комичарот би можел да се врати на лош пат.