Комичарот Расел Бренд призна дека имал секс со маж по барање на продуцентот на неговото шоу, а сето тоа го направил за поголема гледаност на истото. Познатиот комичар и актер Расел Бренд неодамна проговори за сексот со маж во јавен тоалет во Лондон во 2002 година. Бившиот маж на пејачката Кејти Пери, додал дека сето тоа било шега, за да се зголеми рејтингот и гледаноста на неговото шоу „РЕ: Бренд“ кое зборувало за општествените табуа. Во времето кога се случил настанот тој признава дека бил зависник од хероин. „Кружев низ Сохо. Бев низ разни геј клубови и теретани и барав луѓе кои би се појавиле пред камера. И таму пронајдов дечко кој пристапи на тоа“ .
Сето тоа комичарот го направил поради неговото шоу и по убедувањето од страна на неговиот продуцент дека ова би било сензација токму поради фактот што актерот е хетеросексуалец. Година дена после емитувањето на ова шоу, Расел ја започнува својата актерска кариера во филмот „Како да ја преболиш Сара Маршал“ со што се здобива со голема популарност.