Британскиот комичар Расел Бренд ќе биде домаќин на свеченоста за доделувањето на MTV филмските награди за 2012, која ќе биде одржана наредниот месец. Актерот веќе водел две MTV доделувања, во 2008 и 2009, но за музички видео награди, додека овој пат ќе биде домаќин на свеченоста посветена на неговата бранша, филмот.
Хит комедијата „Деверици“ и научно-фантастичниот „Игри на гладта“ водат со по осум номинации за MTV филмски награди, кои оваа година се доделуваат во шест нови категории. Свеченото доделување ќе биде одржано на 3 јуни во Лос Анџелес и ќе биде директно емитувано на телевизијата MTV.