Британскиот комичар Расел Бренд, кој во петокот ги предал документите за развод од пејачката Кети Пери, ќе побара од неа половина од имотот, поточно сума од 20 милиони фунти по 14 месеци брак. Тие двајца не потпишале предбрачен договор кога се венчале во 2010 година.
Така комичарот, според законите на Калифорнија, може да добие половина од нејзиниот имот, кој се проценува на 40 милиони фунти. Според извори блиски на актерот, Расел тоа и планирал да го побара. Се очекува процедурата околу разводот да биде завршена во текот на месец јануари.