Поради нерасчистени должничко-доверителски односи, вчера околу 18,00 часот во село Октиси–Струга, пред работилница сопственост на И.К. (50), дошло до расправија помеѓу И.К. и Р.Р. (27) од село Велешта. Откако И.К. влегол во работилницата и ја затворил вратата, Р.Р. испукал четири куршуми од кои со еден куршум го оштетил стаклото од влезната врата, соопшти МВР.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, од каде биле подигнати четири чаури за вештачење, а се преземаат мерки за пронаоѓање на Р.Р.

OhridNews
извор: „МВР“