Не престануваат препукувањата помеѓу поранешниот корисник на сидриштето во каналот „Студенчишта“ ЕК „Стрмец“ и ЈП „Билјанини Извори“ кое согласно одлуката на Советот на општина Охрид неодамна го презеде управувањето на овој простор. По јавниот повик за отстранување на опремата на овој простор, јавното претпријатие започна активности за уредување на просторот, во рамки на кои денеска почна со чистење на тињата од брегот на каналот, што наиде на реакција на ЕК „Стрмец“.

ЈП „Билјанини Извори“опањето на Студенчишкото блато во заштитна зона го загрозува природното и културно богатство на Охрид заштитено со неброени закони. – реагираат од клубот кој до скоро стопанисуваше со овој простор.

 

ЈП „Билјанини Извори“ информира дека преземените дејствија се дел од активностите за расчистување и уредување на просторот наменет за сидрење на пловни објекти, што се одвиваат со одобрение на Хидробиолошкиот завод Охрид.

После алармантната ситуација која ја увидовме со превземањето на локацијата во делот на заштита на Охридското Езеро и третманот досегашен кон него, ЈП „Билјанини Извори“ достави барање до јавната научна установа Хидробиолошки завод Охрид. Итната потреба за делување на ЈП „Билјанини Извори“ во име на горенаведеното го потврди и доставеното мислење на најповиканата институција за заштита на Охридското Езеро со број 03-188/2 од 08. 06. 2020 година во која ни се дозволува да се изврши чистење на тињата од горниот брегот према Охридското Езеро во должина по целата страна од 20 метри и ширина од брегот кон трските од 5 метри. ЈП „Билјанини Извори“ согледувајќи ја итната потреба ги интензивира активностите што можете да видите од фотографиите. – стои во известувањето на ЈП „Билјанини Извори“.

Г.М.