Регионалниот зелен центар од Охрид викендов реализираше еколошка акција на крајбрежјето во непосредна близина на некогашната Детска болница во населбата Св. Стефан.
На акцијата се приклучија соработниците од Културолошка Иницијатива 5 до 12, здружението на граѓани ЕКО ФАП, како и граѓани од месната заедница.
Во акцијата се собраа 15 вреќи со најразличен отпад, душеци, делови од бела техника и друго. ЕКО ФАП го подигна отпадот и го депонира на соодветно место. – информираат организаторите на акцијата.
Оваа акција беше трета и последна од агендата за месец јули, а во август следат уште три екололшки акции, најавува Регионалниот зелен центар од Охрид.
OhridNews