Од јавното претпријатие „ Охридски комуналец“ информираат дека по налог на општинскиот инспекторат, екипи на „Паркови и зеленило“ реализирале активности за расчистување на повеќе запуштени локации во стариот дел од градот.

Целосно се расчистени тешко пристапни парцели во близина на Античкиот театар, на улицата „ Браќа Миладиновци“ кои беа обраснати со жбунеста вегетација и  трње, а зелениот отпад е транспортиран.

Расчистена е и локацијата над спомен- куќата на Григор Прличев.

OhridNews