Расчистени се мини депонии кои беа мапирани на повеќе локации, информираат од ЈП Охридски Комуналец.

Подигнати се 24 м3 отпад (зелен отпад, кабаст отпад и градежен шут) кој несовесни граѓани го имаа расфрлано на повеќе локации и тоа во населба Даљан, населба Воска, ул. „Гоце Делчев“ и ул. „Ариф Мустафа“, велат од претпријатието.

И покрај низата апели и акции на ЈП Охридски Комуналец за собирање на отпадот, се чини дека не се искоренуваат лошите навики од создавање мини депонии во секоја урбана заедница.

OhridNews