Во координирана заедничка акција на ЈП „Охридски Комуналец“ со НП Галичица и волонтери – месно население и членови од Здружението на љубители и подржувачи на НП Галичица беа расчистени мапирани диви депонии на три локации во с.Трпејца.
Со вонреден ангажман на сите учесници во оваа акција беа подигнати 22 м3 отпад, каде најзастапен беше кабаст отпад. Се надеваме дека на овој начин ќе влијаеме во подигнувањето на јавната еко-култура за зачувување на природно богатство, а како експлицитен пример е рибарското село Трпејца кое со својата местоположба, сместено во подножјето на планината Галичица, покрај брегот на Охридското Езеро, никого не остава рамнодушен, велат од ЈП „О.хридски Комуналец“.
OhridNews