Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ со низа активности за чист град и приградски населби. Од претпријатието информираат дека била реализирана акција за расчистување на диви депонии во с. Рамне и с.Косел од каде се подигнати 46 м3 кабаст и зелен отпад.

Се спроведоа активности за одржување на јавна чистота во селата Подмоље, Рамне, Велесто, Горно Лакочереј, Долно Лакочереј, населба Грашница и кај детското игралиште во населба Видибишта.

Вонредни активности се реализираа, велат, и за местење кај прекопите ул. „7-ми Ноември“, ул. „Железничка“, ул. „Ариф Мустафа“ и во близина на зградите каде се одвиваат градежни активности во населба Бејбунар.

По барање на сообраќајна полиција интервенирано кај запалено возило и кај сообраќајна незгода. Во централното градско подрачје и пешачки патеки корпите за ситен комунален отпад се празнат секојдневно во три смени, додаваат од претпријатието.

OhridNews