Екипи од јавното претпријатие „ Охридски Комуналец“ ја уредија плажата Лабино, која се наоѓа под пешачката патека која ги поврзува Св.Јован Канео и месноста Грашница. Ангажираните комунални работници извршија отстранување на ниската жбунеста вегетација и сечење на надвиснатите гранки од околните дрва, со што се зголеми површината која туристите може да ја користат како плажа.
Подигната е и поголема количина на отпад, пластични шишиња, најлон-кеси, картонска амбалажа и др., кој несовесни капачи го оставиле зад себе.
OhridNews