На 19.02.2024 во 10.10 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ја привеле В.И.(23) од Куманово.

Таа се сомничи дека претходно во трговски објект во Струга извршила кражба, при што одзела повеќе производи. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, информираат од МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот, против В.И. ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews