Полициски службеници од Полициската станица Струга вчера во 17.30 часот, привеле малолетничка од струшко село. Таа била затекната при извршување кражба во продажен објект во Струга, при што одзела повеќе предмети.
Од МВР денеска информираа дека одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а со малолетничката бил извршен службен разговор во полициска станица во присуство на родител.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews