Мини-депонијата која секојдневно ја создаваат несовесни граѓани на ул.”Богомилска” (кај влезот во населба “Христо Узунов”) конечно е расчистена. По многубројни интервенции на Ј.П.”Охридски Комуналец” на оваа локација, сликата беше иста, повторно расфрлан шут, градежен материјал, кабаст отпад, и.т.н.

Деновиве со интервенција на механизацијата дивата депонија повторно е расчистена, а контејнерите се заштитени со ограда. Ќе има ли ред сега останува да се види.


Расчистена дивата депонија на „Богомилска“

Ohridnews
фото: „Комуналец“