Расчистена дива депонија која била мапирана во с.Велгошти. ЈП „Охридски Комуналец” излезе во пресрет на барањето на жителите од с.Велгошти и презеде мерки за расчистување на дива депонија.

Оваа депонија за мештаните претставуваше проблем подолг временски период. Со ангажирање на специјална механизација подигнати се енормни количини шут (31 трактор), велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Додаваат дека во расчистувањето на истата се работело пет работни денови.

OhridNews