По налог на општинскиот инспекторат екипите од Ј.П. „ Охридски Комуналец“ го расчистија просторот кој се наоѓа во близина на станбените згради лоцирани на влезот во Охрид, на Булевар „ Туристичка“.
Од јавното претпријатие потенцираат дека поради големата површина на целиот простор, активностите траеле два дена, при што искосена е тревната површина, а дивото зеленило (жбунови, трње и др.) е отстрането машински .
OhridNews