По реакцијата на граѓаните дека на поранешниот полигон за Мали спортови се оставени најлонски  вреќи и дека целиот простор е претворен во мала депонија, општина Охрид веднаш издаде налог до надлежните од  ЈП “Охридски комуналец“  да го исчистат просторот  и да го  отстранат отпадот.

– Екипите на  ЈП “Охридски комуналец“ од утринава беа ангажирани на просторот   и го расчистуваа натрупаниот отпад. Бидејќи се работи за приватен имот на местото беа присутни и претставници на општинскиот инспекторат, информираат од локалната самоуправа.

Општина Охрид, уште еднаш  им укажува на  сопствениците на приватен имот кој од различни причини не е уреден  и  на него се депонира отпад,  самите да  го одржуваат, или да склучат договор со општинското комунално претпријатие .Во спротивно, општинскиот инспекторат ќе преземе соодветни мерки, согласно законските прописи.

OhridNews