Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” утрово го расчистија просторот кај Горна порта, каде несовесни граѓани  непочитувајќи го комуналниот ред секојдневно депонираат секаков вид отпад покрај контејнерите кои исклучиво служат за одлагање на комунален отпад.

Горна порта (06.09.2020)

Екипи на ЈП „Охридски Комуналец’ го расчистија просторот кај Горна порта (07.09.2020)

Случајот кој деновиве го актуелизираше OhridNews, за жал не е единствен во градот и говори за ниското ниво на еколошка свест кај дел од населението, Осуда стигна и од локалната самоуправа, која најави поставување на камери на жешките еко точки во градот.

Општина Охрид го осудува ваквото несовесно однесување и упатува апел до жителите и посетителите на Охрид за поголема еколошка свест и за зачувување на хигиената на повисоко ниво. Со цел да се спречат ваквите појави и во насока на подигнување на јавната чистота, деновиве ќе биде поставен видео надзор на повеќе локации во градот. – најави денеска градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Реагираше и директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, кој бара поголем ангажман од комуналната редарска служба и инспекциите во санкционирањето на прекршителите за да спречат ваквите појави кои го нарушуваат имиџот на најголемиот туристички центар во земјата.

Г.М.

Охриѓани против Охрид 100:0 

Една лоша слика 1000 зборови