Актуелните континентални владателки, ракометарките на Норвешка, својата моќ ја презентираа и во дуелот со силната Романија, која по поразот синоќа во Охрид (31:37) ги загуби шансите да се бори за медал. Норвежанките кои ионака имаа обезбедено пласман во завршната фаза од ЕП ги почестија охриѓани со час и половина врвен ракомет. Силна одбрана, разноврсни напади и убиствена контра беше играта на норвежанките за која Романија немаше одговор. Во победата на своите миленички уживаа стотина норвешки навивачи кои направија прекрасна атмосфера во салата „Билјанини извори“. Порадосни од нив беа шпанските ракометарки кои благодарение на триумфот на Норвешка се пласираа во полуфиналето.


Романците беа оптимисти пред почетокот на натпреварот


интонирање на химните


Норвежанките силно мотивирани


Романките промашија два пенали во првото полувреме


Норвешка радост во салата „Билјанини извори“

Ohridnews