Охридските ракометари им одржаа час по модерен ракомет на Куманово на домашен терен совладувајќи гo со 39-29 (18-10) во петтата рунда од плејаут лигата.

Охриѓани целиот плен од гостувањето го осигураа со одлична игра во првиот дел кога постигнаа 18 погодоци, а примија само десет.

Во вториот дел „гладијаторите“ не само што ја задржаа предност туку ја зголемија на убедливи +10 (39-29).

За избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски ова е прва победа на гостински терен сезонава.

Десет погодоци постигна Бојан Белевски, Аце Трифуноски реализираше седум, а Поп-Стефанија и Соколов по шест пати ја затресоа мрежата.

Мх.П.