Екипата на Ливерпул со фантастична фудбалска престава и убедлив триумф (5-1) над Арсенал во дербито на Енфилд ги заокружи мечевите во Премиер лигата за 2018 година.

Избраниците на Јирген Клоп покажаа квалитет и убоист, но пред се карактер, бидејќи Арсенал беше тимот кој прв постигна погодок. „Топчиите“ поведоа со 1-0 во 11-та минута со погодокот на Аинсли Мајтланд. Домашните фудбалери одговорија со два погодоци за нецели пет минути. Стрелец на изедначувачкиот и погодокот за водство беше Роберто Фирмино. Ливерпул до крајот на полувремето постигна уште два погодоци преку Садио Мане и Мо Салах. Печат на победата стави Фирмино кој од белата точка ги постави конечните 5-1.

Во прилог на Ливерпул отиде поразот на Тотенхем на домашен терен од Вулверхемптон (3-1) и разликата на табелата скокна на девет бодови. Третопласираниот Манчестер Сити заостанува десет бодови, но има меч помалку.

Резултати: Брајтон – Евертон 1-0, Фулам – Хадерсфилд 1-0, Лестер – Кардиф 0-1, Тотенхем – Вулверхемптон 1-3, Ватфорд – Њукасл 1-1, Ливерпул – Арсенал 5-1

Табела: Ливерпул 54, Тотенхем 45, Мен Сити 44, Челси 40…

OhridNews