Бројот на заболени од грип во Охрид рапидно се зголемува. Според податоците на Центарот за јавно здравје во периодот од 23- ти февруари до 1- ви март евидентирани се 218 нови случаи, што е пет пати повеќе од претходно евидентираните 40 новозаболени за една недела.
– Вкупниот број заболени од грип во Охрид, според анализираните податоци кои ни ги испраќаат матичните лекари, во моментов изнесува 408. Меѓу нив 350 се на возраст од 15 до 64 години, а 11 лица се на возраст од 5 до 14 години, информира д-р Јованка Стурлакова од охридскиот Центар за јавно здравје.
Д- р Стурлакова со апел до граѓаните штом почуствуваат симптоми на грип и имаат висока температура веднаш да побараат медицинска помош кај својот матичен лекар. Потенцира дека најефикасно е грипот да се третира со антивирусниот лек Тамифлу.
Грипот од типот Б, од кој се заболени најголемиот број охриѓани се манифестира со висока температура и до 40 степени, главоболка, болки во мускулите, течење на нос, воспаление на уво.
Т.К.