Корнел Џонс, поранешниот менаџер на раперот Нели, тврди дека пејачот е во финансиски проблеми бидејќи сите пари ги изгубил поради зависноста од коцкањето. Раперот наводно би можел да остане и без својот дом поради огромните долгови. Џонс исто така тврди дека освен од коцкањето, Нели бил зависен и од стероиди и кокаин.


Раперот на својот твитер профил ги демантирал тврдењата на својот поранешен менаџер. Пред три години еден дилер го навел Нели како свој клиент, но пејачот и тогаш ги негирал тие тврдења. Тој во САД досега продал повеќе од 21 милион албуми. Од 2004 година е во врска со пејачката Ашанти, но парот јавно сеуште одбива да ја признае својата романса.