Тренерот Клаудио Раниери имаше победнички старт во вториот мандат на клупата од Рома, откако неговите избраници со 2-1 ја совладаа екипата на Емполи на Олимпико.
„Волчицата“ со тесниот триумф стигна до значајни три бодови и продолжи да ги притиска Милан и Интер во борбата за третата и четвртата позиција на табелата.
Првата третина од мечот ги понуди највозбудливите моменти. Во тој период паднаа головите и домашниот состав обезбеди предност 2-1. Гостите постигна погодок, но им беше поништен поради играње со рака во почетокот од акцијата.
Рома во следната рунда гостува кај Спал, додека Милан и Интер ќе ги одмерат силите во градското дерби.
OhridNews