После срамниот пораз од Џенова, стратегот на Рома, Клаудио Раниери поднесе оставката на тренерското место клупата на “волчицата“. 


Како можни наследници на Раниери се споменуваат поранешниот напаѓач на “џалоросите“ Виченцо Монтела и таткото на Даниеле де Роси, Алберто кој е тренер во младинските погони во Рома, кои би биле решение до крајот на сезоната.


Со нов тренер до успеси “принцот од Рим“, Франческо Тоти

На големо се “шушка“ дека трпението на Роман Абрамович е при крај кон менаџерот на “сините“ Карло Анчелоти. Тренерот на Челси, Анчелоти е легенда во црвено-жолтиот дрес, и нема да е ништо случајно по завршувањето на сезоната да го преземе кормилото на “џалорисите“.

Мх.П.