Англискиот фудбалски прволигаш Манчестер јунајтед го именуваше денеска за привремено решение на тренерското место до крајот на сезоната.

Германскиот стратег доаѓа на „Олд трафорд“ на местото на Норвежанецот Оле Гунар Солскјер, кому му беше врачен отказ на 21 октомври по првенствениот пораз од Ватфорд.

Возбуден сум што му се приклучувам на Јунајтед и фокусиран сум на тоа ова да биде успешна сезона, изјави Рангник, кој за да седне на клупата на Манчестер јунајтед мораше да ја напушти должноста директор за спорт и развој во рускиот прволигаш Локомотив Москва.

OhridNews