Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник, ја отфрли можноста на Хари Мегваер да му ја одземе капитенската лента и покрај критиките кон дефанзивецот.

Според мене, Хари, враќајќи се на терените по повредата, изгледаше многу добро. Тој одигра многу добар натпревар против Вест Хем. Точно дека во последните два меча имаше неколку неубедливи епизоди – против Саутемптон и Барнли. Сепак, Хари останува наш капитен и не гледам причина нешто да менувам, изјави Рангник.

Манчестер јунајтед вечер од 21 часот с есреќава со Брајтон во заостанат дуел од 18. коло на англиската Премиер лига.

По 24 натпревари, тимот од „Олд Трафорд“ има 40 бодови и се наоѓа на 5. место.

OhridNews