И додека Сер Алекс Фергусон во соблекувалната има вистинска болница,неговиот колега Карло Анчелоти со задоволство ги трие рацете бидејќи неговиот тим е комплетен пред гостувањето на “Олд Трафорд“.

Јунајтед во ¼ финалето од шампионската лига ја демолира Римската волчица,но Милан е нешто сосема друго.
Истоиот тој Милан во 2005-та со голот на Креспо го победи Манчестер на неговиот стадион со 1-0.


стариот лисец Пипо Инзаги

Пред натпреварот Фергусон е соочон со вистинска епидемија на повредени играчи,тој на Милан ќе му спротистави тим без централните дефанзивци Рио Фердинанд и Немања Видиќ и капитенот Гери Невил.Надвор од секоја комбинација веќе одпоодамна е Михаел Силвестре.
Покрај овие фудбалери Сер Алекс не може да смета и на Јужнокореецот Парк и напаѓачот Луи Саха.

Манчестер кој пред две недели ја понози Рома совладувајќи ја со 7-1 шансата ја гледа во старата одбрана на Милан која ја предводи 38-годишниот капитен Паоло Малдини и во магијата која во нозете ја има најдобриот фудбалер во Премиер лигата Кристијано Роналдо.
Од 2003-та година наваму Милан еднаш ја освои лигата,еднаш загуби во финалето,а двпати беше во полуфиналето.


Без половона тим-Алекс Фергусон

“Ова се натпревари кои ги одлучува стабилноста,решителноста и храброста на тимот,а Милан токму тоа и го поседува.Лидер на тимот е Малдини,а останатите играчи имаат преголемо интернационално искуство“ се храбри пред мечот тренерот на Милан Карло Анчелоти.
Во пресрет на средбата Анчелоти има само една дилема,Дида или Калач меѓу стативите.Сите останати се подготвени за настап.

Првиот ½ финален натпревар од ЛШ Манчестер Јунајтед-Милан се игра во вторник од 20.45 часот

       Ненад Цветанов