Викендов после две недели пауза на терените во Македонија ќе продолжат мечевите во Втората македонска фудбалска лига запад и исток. На програмата ќе бидат натпреварите од третата рунда.

„Рибарите“ ќе ги одмерат силите со составот на Дрита. Второлигашот од Боговиње немаше посакуван старт на новата сезона, откако освои само бод во првите две рунди. Во првото коло ремизираше на домашен терен со Вардар Форино 1-1, додека во второто коло претпре пораз од Кадино (2-1). Дуелот со Охрид на Дрита ќе и биде втора шанса за победа на домашен терен.

На спротивната страна, Охрид добро ја отвори сезоната. Во првата рунда ремизираше со Гостивар 0-0 а во втората рунда ја совлада Велешта (2-1). „Рибарите“ во пресрет на дуелот со Дрита се благи фаворити, но тоа ништо не значи на теренот.

Минатата сезона екипата на Охрид во единствената второлигашката пресметка славеше со 1-0, а победа (3-1) забележа во контролните натпревари во подготвителниот период.

Натпреварот помеѓу Дрита и Охрид се игра в сабота со почеток во 16 часот.

OhridNews