Манекенката Меган Хокинс која има 19 години морала да оди на операција откако ја погодил куршум во клубот “10AK” во западен Лос Анџелес. Меган објавила фотографија од болницата на која се движи со помош на помагала, а нејзините пријатели велат дека е добро.
Таа била погодена на забава на Крис Браун која претходела на доделувањето на MTV наградите. Полицијата и понатаму трага по сторителот, а во истиот инцидент ранет е и американскиот продуцент Шуг Најт за кој се сомнева дека е вмешан во убиството на Тупак.