На прашливиот пат на еден резерват во Јужна Африка минатиот месец се случил интересен судир во кој една храбра лисица натерала семејство лавови да ги свиткаат своите опашки. Кога наишле на лисицата, лавовите со гласен рик и со своите остри заби предупредиле да им се тргне од патот. Меѓутоа, ситната лисица веќе била повредена па не можела да се движи, но одлучила дека нема да се предаде без борба.

 

Фотографиите кои фотографот Грахам Дајер ги направил во резерватот во Боцвана покажуваат колку ова мало животно било одлучно во својата намера. Грахам раскажал дека кога лавицата се обидела да ја касне, лисицата ја каснала неа за муцката. Потоа се случило нешто неочекувано. Големите мачки одлучиле да ја остават на мир на дури и и се придружиле во излежувањето на патот. Недолго потоа се слушнале звуци од борба на други лавови што го натерало ова семејство да замине понатаму.