Швајцарските медиуми јавиле дека една девојка била ранета откако било пукано еднаш или повеќе пати во станот на францускиот актер Ален Делон во Женева. Инцидентот се случил случајно на прослава која била одржана во отсуство на Ален Делон. Забавата ја организирал неговиот 17 годишен син Ален-Фабјен.
Портпаролот на женевската полиција одбил да ја потврди оваа вест, изјавувајќи дека се води истрага по повод инцидент кој се случил во приватен стан. Ален Делон живее во Швајцарија неколку години и има швајцарско државјанство.