Вчера околу 07,30 часот во с.Велешта-Струга, во куќа во изградба сопственост на Н.И. од истото село, Б.Ф.(1971) од населба Теферич-Струга, од непознати причини извадил пиштол со сер.бр.200 непозната марка, кал.38мм, кој го поседувал без одобрение. Во еден момент додека ракувал со истиот, испукал еден куршум, при што проектилот го погодил во слабината М.А.(1962) од с.Радолишта-Струга, кој изведувал градежни работи во куќата.

М.А. веднаш бил пренесен во Медицински центар-Струга, од каде по укажаната лекарска помош е пренесен и задржан на лекување во Клинички центар-Скопје. Над истиот е извршена хируршка интервенција и се наоѓа вон животна опасност. Увид на лице место извршиле Истражен судија, Заменик јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Струга, при што бил пронајден и подигнат за вештачење горенаведениот пиштол.

Од страна на ПС-Струга против Б.Ф. ќе бидат поднесени две кривични пријави поради основано сомнение дека сторил кривично дело „Предизвикување општа опасност“ и кривично дело „Недозволено држење на оружје или распрскувачки материи“.

Ohridnews