Задолжително да се регулира режимот на сообраќај во стариот дел на градот како и режимот на сообраќај на пристапните улици, да се овозможи непречено движење на моторен сообраќај за жителите и стопанските објекти во овој дел од градот, се дел од заклучоците од одржаната трибина со граѓаните на која се зборуваше за режимот на сообраќај во урбана заедница Стар град.
На трибината се заклучи и дека дотурот на роба треба да се врши во раните утрински часови во точно определен временски период, такси службите да ја вршат својата дејност согласно потребите. Станоиздавачите во овој дел од градот при прво сместување на туристите, а заради растовар да можат до своите објекти гостите да ги донесат во временски интервал не подолг од 1 час, а потоа да ги упатат на простор за паркирање надвор од оваа УЗ ; Подигнување на повисоко ниво на хигиената и собирањето на сметот да се врши во временски период кога има помал интензитет на сообраќај; Регулирањето на сообраќајот да се врши преку влезно – излезни терминали (рампи) со користење на картички, а како дополнително на возилата да се стават соодветни налепници . Кај рампите постојано да има овластени лица кои ќе служат како припомош при одвивањето на сообраќајот. Рампите да се стационирани на ул. „Коста Абраш “ и тоа на почетокот (споменик Фаќач на крстот), пред Горна Порта и на исклучниот пат за црква Каменско. Влезно–излезен терминал (рампа) да има и на ул. „Македонски Просветители“ (наспроти сендвичара Пинк Пантер) која ќе е во функција на пркирањето во премиум зоната која ќе биде од оваа рампа до рампата лоцирана кај споменикот „Фаќачот на крст“.
На трибината беше договорено и картичките да се издаваат по строго дефиниран Правилник и истите да ги издава комисија формирана од страна на Градоначалникот, Секој ден во временски период од 19. 00 до 05. 00 часот на улиците „Цар Самуил“ и „Коста Абраш“ да има забрана за сообраќај и во овој период целиот сообраќај ќе се одвива преку Горна Порта и исклучниот пат за црквата „Каменско“; Целиот дел на стариот дел на градот да се прогласи за Зона на смирен сообраќај каде брзината на движење на моторните возила да е еднаква на брзина на движење на пешак.
Режимот на сообраќај да се воспостави од 01.06.2019 година.
На трибината за режимот на сообраќај во Урбаната заедница „Стар град“ учествуваа градоначалникот Константин Георгиески, жители и Советот на Урбаната заедница, претставници на СВР Охрид како и претставници на стручните служби на Општина Охрид.
OhridNews