– Мислам дека сум на почетокот од што тоа треба да го правам за Охрид. Не знам колку уште ми преостанува од животот, меѓутоа она што ми преостанува ќе го посветам на најдоброто што го има Македонија, тоа е Охрид и Охридското Езеро, кои треба да претставуваат фактор на обединување и спојување на граѓаните.- рече Рамковски.
-Со задоволство ја прифативме наградата која ни е посветена. Како здружение постоиме 9 години и мислам дека ја заслуживме наградата, а одлуките на Советот не би ги коментирал, затоа што тие знаат кому и зошто ја доделуваат, изјави Љупчо Арнаудов од „Богојавление“.
На свечената академија што по повод патрониот празник на Охрид, се одржа синоќа во х. „Метропол“ не присуствуваа претстатвници на фестивалот „Охридско лето“. Претходно оттаму информираа дека одбиваат да ја примат наградата заедно со други добитници. Свеченоста ја бојкотираше и ВМРО ДПМНЕ, која исто така не се согласува со одлуката за доделување на Светиклиментовите награди.
На свеченоста беа доделени и две повелби на младата поетеса Христина Аслимовска, и постхумно на Никола Маневски, доајенот на охридското новинарство.
-Едно вакво навистина големо општествено признание буди чувства, не само чувства на задололство, туку и на благодарност што годинава тоа ми припадна мене, но исто така и чувства на морална одговорност да продолжам да го негувам Светиклиментовиот дух и со своите дела и зборови да ја пренесувам традицијата.-истакна младата охридска поетеса Христина Аслимовска.
На доделувањето на Светиклиментовите награди изостана поголема посетеност, па така во салата каде се одржа свечената академија можеа да се забележат и доста празни столчиња.
Празни столови на Свеченото доделување на Светиклиментовите награди