Рамиз Мерко ќе го води огранокот на ДУИ во Струга и во наредните четири години.

Ова денеска го одлучија делегатите на собранието на огранокот на ДУИ на кое присуствуваше и централното партиско раководство предводено од лидерот Али Ахмети. Toj смета дека со одлуката на Собрабнието завршуваат внатрепартиските превирања во стручкиот огранок, кои кулминираа  при избореот на  месните одбори минатата недела.


Мерко старо-нов лидер на ДУИ во Струга

Со реизборот, Мерко кој ја водеше партијата во Струга и во изминатите 4 години, доби силна поддршка пред одржување на локалните избори, бидејќи според досегашната практика во ДУИ претседаелот на огранокот е и кандидат за градоначалник.

ohridnews