Тоа е срамота! Вака градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, ги прокоментира обвинувањата на ДПА, која на прес конференција вчера изнесе тврдења дека првиот човек на градот е главен виновник за етничките поделби во средното училиште „Нико Нестор“. Опозиционата ДПА го обвини кадарот на ДУИ дека потпишал таен договор со министерот за образование и директорката на ОСУ „Нико Нестор“ за воведување етнички смени, и дека случувањата во ова училиште одат во прилог на основањето на приватното средно ушилиште во Струга кое ќе подготвува кадри за Универзитетот во сопственост на Рамиз Мерко.

Мерко кој е на службено патување надвор од земјата кусо ни изјави дека изнесените обвинувања од ДПА се невистинити и најави дека својот став ќе го соопшти по враќањето во Струга.

Во меѓувреме втора недела учениците Македонци ја бојкотираат наставата во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“. Решение за проблемот сеуште нема, а тој се повеќе од образовен станува политички.

Ohridnews