Градоначалникот на Општина Струга Рамиз Мерко е позитивен на коронавирус и со симптоми на болеста е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје. Неговата состојба се оценува како стабилна.
Информацијата ја потврдија од неговата матична партија ДУИ, како и од локалната самоуправа.
Мерко е уште еден политичар позитивен на Ковид 19. Претходно од истите причини во болница заврши собранискиот спикер Талат Џафери, а позитивни на вирусот беа уште и министрите за образование и економија Арбер Адеми и Кресник Бектеши, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, поранешниот пратеник Зекири и други
OhridNews